сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Газета дело спорт: Менаџерот на Елмас му се заканил на газдата на Наполи

Газета дело спорт: Менаџерот на Елмас му се заканил на газдата на Наполи

Елиф Елмас нема да го продолжи договорот со Наполи, наводно му се заканил менаџерот Фали Рамадани на претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Македонскиот репрезентативец има договор со Наполи до 30. јуни 2025 година.

„Газета дело спорт“, објави дека Рамадани бил лут кога разбрал дека Де Лаурентис одбил да го пордаде Елмас во Лајпциг.

Пред десетина дена во Наполи пристигнала понудата од Лајпциг за Елмас „тешка“ 30.000.000 евра. Де Лаурентис без размислување ја одбил. Истото го направил и со понудаа на неименуван клуб од Премиер лигата.

„Се чини дека Лајпциг беше подготвен да понуди околу 30 милиони, но доби остро „не“од Неапол. Ова го налути моќниот македонски агент кој ќе се закани дека Елмас нема да го продолжи договорот што истекува во 2025 година“.