вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елиф Елмас се повреди на пријателски меч на Наполи

Елиф Елмас се повреди на пријателски меч на Наполи

Елиф Елмас поради повреда на полувремето го напушти пријателскиот меч на Наполи против Аполон,а првите информации велат дека повредата не е сериозна.

Македонскиот фудбалски репрезентативец беше стартер на мечот против Аполон кој Наполи го доби со 2-0 со голови на Осимен и Симеоне во второто полувреме.

Елмас беше заменет на полувремето од Политано. Нашиот фудбалер излегол од игра поради повреда на бутниот мускул.

Во второто полувреме Елмас на клупата бил со мраз на болното место, но информациите велат дека брзо ќе биде подготвен за новите предизвици. Не станува збор за сериозна повреда.