петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи еден месец без повредениот Осимен

Наполи еден месец без повредениот Осимен

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски првак Наполи, Виктор Осимен (24), го повреди буниот мускул на десната нога настапувајќи за Нигерија и би можел да паузира околу еден месец.

„Осимен беше подложен на нови прегледи кои открија лезија на средниот тип на бицепсот на десниот бут. Напаѓачот почна со рехабилитација во клупскиот тренинг центар“, соопшти вечерва Наполи, непрецизирајќи други детали.

Весникот „Кориере дело Спорт“ објави дека рехабилитација ќе продолжи околу еден месец и Осимен ќе пропушти четири натпревари во Серија А и два во Лигата на шампиони.

Најдобриот стрелец изминатата сезона во италијанското првенство се повреди за време на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија (2-2) што во петокот се одигра во португалскиот град Портимао.