петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Антонио Конте нема да го преземе Наполи

Антонио Конте нема да го преземе Наполи

Трофејниот италијански фудбалски стратег Антонио Конте денеска ја отфрли можноста да го преземе шампионот во Серија А, Наполи во случај италијанскиот шампион да ја прекине соработката Руди Гарсија поради серијата лоши резултати.

„Слушам упорни гласини за трансфери кои ме поврзуваат со разни клубови, но повторувам, единствена желба ми е да се одморам и да уживам со семејството“ објави Конте на Инстаграм.

Претходните денови медиумите пишуваа дека Французинот Гарсија ќе биде сменет како тренер на Наполи, но тоа не се случи. Наполи претрпе два порази на домашен терен, од Реал во Лигата на шампионите и Фиорентина во Серија А. По осум одиграни кола, шампионот на Италија има седум бода помалку од лидерот Милан.