среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Од утре полициски час во Албанија

Од утре полициски час во Албанија

Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 соопшти дека од утре во Албанија се враќа полицискиот час, во период од три недели.

– Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноевмри и ќе трае три недели.Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби, рече Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министер за здравство и социјална заштита.

Исто така се забранува работата на угостителските објекти од 22:00 до 06:00 часот (освен услуга за достава ), додека за јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе се работи онлајн или со ротација,со строго почитување на протоколите.

Извор: Тера.мк