понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом

Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом

Демократската партија доцна синоќа обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3 ноември.

Иако демократите би можеле да освојат уште неколку места во Долниот дом на Конгресот, нивното мнозинство ќе биде помало во однос на претходниот состав.

Како што пренесуваат американските медиуми, демократите може да изгубат 15 места во тоа тело, кое брои 435 члена, по големиот прилив на републикански гласови.

Демократите досега имаа 232 места во Претставничкиот дом.

Иако демократот Џо Бајден победи на претседателските избори, големи се шансите републиканците да го задржат мнозинството во Сенатот.