петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

183 санкционирани возачи во Драчево

183 санкционирани возачи во Драчево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 28, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и 8 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.