По првпат од почетокот на пандемијата, Шведска воведе делумно „затворање“, во рамки на што е забрането баровите и рестораните да продаваат алкохол по 22.00 часот, пренесува Блумберг.
Новите ограничувања ќе се применуваат низ целата земја од 20 ноемвр, а тоа значи дека сите установи со лиценца за послужување алкохол мора да се затворат во 22:30 часот.
Премиерот на таа скандинавска земја, Стефан Ловен, на прес-конференција рече дека земјата е изложена на ризик да и се повтори ситуацијата од пролетоска.
Во рамки на борбата против пандемијата, властите во 13 од 21 регион издадоа препораки до Швеѓаните да избегнуваат физички контакт со луѓе кои не се од исто домаќинство.
Во последните недели, бројот на лица заразени со коронавирус на дневно ниво значително се зголеми, а болниците пријавуваат огромен прилив на пациенти.(МИА)