вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Поддржувам легализација на употребата на марихуана, така ќе напредува туризмот и угостителството

Заев: Поддржувам легализација на употребата на марихуана, така ќе напредува туризмот и угостителството

Oсвен декриминализација, лично поддржувам и легализација на употребата на марихуана, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека на овој начин ќе напредува туризмот и угостителството.

-Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП, рече Заев.

Тој додаде дека сите постојни и нови објекти согласно лиценците кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис.

Најнови вести