понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расипништво на дело: Додека луѓе умираат бидејќи немаат пари за лекување, Заев дава над еден милион евра за реконструкција на кичевската општинска зграда

Расипништво на дело: Додека луѓе умираат бидејќи немаат пари за лекување, Заев дава над еден милион евра за реконструкција на кичевската општинска зграда

Бура од реакции по вчерашната одлуката на владата за доделување на 77.000.000 денари или над еден милион евра на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари за реконструкција на општинска зграда во Кичево.

Имено, во време кога болничките капацитети се преполни, а пациентите се примаат во болничките дворови, во период кога се зголемува бројот на инфицирани и починати од корона вирус, во период кога се зголемува бројот на заразени медицински и здравствени работници како последица од немање на соодветна здравствена заштита и опрема, во услови кога над 40.000 граѓани остануваат без работни места и се на работ на животната егзистенција, владата на СДСМ на вчерашната владина седница носи скандалозна одлука на кои реагираат граѓаните.

Ваквата одлука ги разлутии граѓаните, бидејќи неодамна излезе информација дека позитивните на корона вирус во Кичево наместо во Ковид центар, се примаат во шатори поставени пред кичевската болницата. Исто така информациите кои што кружат во јавноста говорат дека во кичевската болница нема ниту инфективно одделение, ниту епидемиолошка служба па повремено доаѓаат епидемиолози од Битола.

-Ќе ја реконструираат општинската зграда, а нас не можат да ни обезбедат соодветна медицинска заштита, не примаат во болничкиот двор. Па нели е тоа потценување, нели е тоа срамно и безобразно. Луѓе секој ден умираат зошто државата не се грижи за нив. Стравуваме дека ова е само почеток, што уште не очекува, допрва ќе дознаеме, вели еден револтиран жител на Кичево.

Бројни реакции имаше и на социјалните мрежи, каде граѓаните велат дека Македонија во ек на пандемија, кога економијата е пред крах владата дава дури 77 милиони денари на Фатмир Дехари за реконструкција на општинска зграда прашувајќи дали поради тоа Шеќеринска се сликаше со него пред УЧК сликите.

-Владата ќе му даде 77 милиони денари на Фатмир Дехари за општинска зграда? У ек на пандемија кога цела економија е пред крах, ту му даваш пари за општинска зграда?! Затоа Шекеринска се сликаше со него пред УЧК сликите. Кираџии у сопствена држава!! Дно, пишува еден граѓанин.

-200.000 евра за новогодишно осветлување на град Скопје у ек на пандемија, 15 милиони денари за чоколадо у Министерство за одбрана у ек на пандемија. А у меѓувреме умираат граѓани зошто здравството е пред колапс и зошто нема за лекување по приватни клиники…, пишува друг граѓанин.

Наместо владата да троши за непродуктивни работи да изгради инфективно одделени или средствата да ги пренаменат за вработување на инфектолог или епидемиолог во кичевската болница, во ек на пандемија парите ги троши за реконструкција на кичевската општинска зграда, со што владата потврди дека нема слух за граѓаните и покрај тоа што бројот на ново заразени во Кичево е во пораст па само од почетокот на месецот има 223 новозаболени од корона вирус.

Најнови вести