Во прилепското село Веселчани при ископ во двор пронајдени се 21 стара граната од Прва светска војна.
Од МВР денеска информираа дека вчера во 14:25 часот во Полициска станица Прилеп, А.К. пријавил дека во село Веселчани при ископ во двор ги пронашол старите гранати.
Во соопштението се наведува дека гранатите се безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување. (МИА)