Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи по смртта на српскиот патријарх Иринеј.
-Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат, напиша Вучиќ на социјалните мрежи објавувајќи црно бела фотографија од патријархот на СПЦ.
View this post on Instagram
Патријархот Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма. Тој беше хоспитализиран поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.