четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Шведска 7.240 новозаразени – најмногу за еден ден

Во Шведска 7.240 новозаразени – најмногу за еден ден

Шведска денеска потврди 7.240 нови случаи на Ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Највисокото дневно салдо во Шведска беше забележано на почетокот на месецов, кога коронавирусот беше потврден кај 5.990 лица.

Во истиот период од Ковид-19 починале уште 66 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата се искачи на 6.406.

Стапката на смртност од Ковид-19 во Шведска, која не воведе строги мерки против епидемијата, е неколку пати поголема отколку во соседните нордиски земји, но сепак е пониска отколку во некои поголеми европски земји.