сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Пежо“ се преврте на кров во Охрид

Автомобил „Пежо“ се преврте на кров кај населбата Рача.
„Пежо“ се преврте на кров во Охрид

Нема сериозни повреди врз возачот на автомобилот што попладнево се преврте пред населбата Рача.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки кое се движело од СВ.Стефан кон Охрид, во близина на населбата Рача, изгубило контрола и удрило во металните заштитни браници а потоа се превртело на кров.

За среќа, возачот поминал без посериозни повреди.

Димоски додава дека сообраќајната полиција во моментов врши увид по што, превртениот автомобил ќе биде отстранет од коловозната лента.