сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алонсо казнет поради насилничко однесување

Алонсо казнет поради насилничко однесување

Фудбалерот на Челси, Маркос Алонсо е суспендиран на три натпревари поради насилничкото однесување по стартот над играчот на Саутемтон, Шејн Лонг во натпреварот во Премиер лигата.

Алонсо го згази грбот на Шејн Лонг, а суспендиран е ретроактивно, бидејќи судиите не го видеа инцидентот кој се случи на натпреварот во саботата.

Шпанецот ќе го пропушти денешниот натпревар против Барнли во ПЛ, полуфиналето во ФА Купот против Саутемтон во недела и првенствниот дуел со Свонси на 28 април. Алонсо е единствен играч на Челси кој е избран во најдобриот тим на Премиер лигата.