четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски претседател – слика има, тон нема

Пендаровски претседател – слика има, тон нема

Додека премиерот Зоран Заев плука по цел еден народ распродавајќи ја неговата историја, Македонија како да нема претседател во овој момент.

За вакви прашања од суштинска важност за македонскиот народ, претседателот Стево Пендаровски е слика без тон. Тука е, но исто како да не е тука.

Освен што изгледа незаинтересиран, Пендаровски доби коментар од Заев дека бил неискусен политичар.

Заев во интервјуто на БГНЕС го нарече претседадателот Стево Пендаровски неискусен политичар, коментирајќи ја неговата изјава за „живковистичка Бугарија“.

-Верувајте ми, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Тој не е толку искусен политичар како Зоран Заев, бидејќи пред тоа работеше за Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, тој беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозна јавна личност и е целосно посветен на пријателството со нашите соседи и Република Бугарија, и секако, на интеграцијата во НАТО и ЕУ,  рече Заев.

Од кабинетот на Пендаровски истакнаа дека нема да ја коментираат ваквата изјава од премиерот.

Ретко, речиси никогаш, може да се види претседателот јавно да застане зад интересите на државата на чие чело се наоѓа. Тој повеќе би настапил како бранител на политиките на партискиот шеф Заев, отколку да ги брани интересите на народот.

Неодамна беше обелоденет друг скандал поврзан со претседателот:

Реисот Реџепи: Пендаровски и СДСМ ми ветија пари и земјиште за гласови за изборите

Поранешниот реис на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи откако јавно призна дека со негова помош и повик до верниците Стево Пендаровски станал претседател на Македонија, во истото гостување на ТВ 21 откри и дека СДСМ требало да го награди со пари на трансакција поради овој негов потег.

-И што направи, кај се ветувањата кои ми ги даде мене?, ветувањето дека требаше да го врати калето, локацијата, ми кажаа за 20 дена парите ќе ги имаш во банка на трансакциска, вели Реџепи.

Најнови вести