четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Начевски: Ја претставуваме Македонија како горди Македонци, изјавата на Заев е немање никакво национално чувство

Начевски: Ја претставуваме Македонија како горди Македонци, изјавата на Заев е немање никакво национално чувство

Ракометниот судија, Ѓорѓи Начевски кој ја претставува Македонија години наназад на планетарни и континентални собири, на Олимпијади, во Лигата на шампионите на ЕХФ и во СЕХА лигата е згрозен и разочаран од последното интервју на премиерот, Зоран Заев за бугарската телевизија.

Начевски за Дриблинг.мк вели дека целиот Балкан се потсмева на изјавите на Заев, срамота е немањето национално чувство и морална одговорност.

-Последните изјави на Заев не само по нас како спортисти, туку него по нас пред се како Македонци, колку и да се трудиме да бидеме аполитични едноставно вакви изјави не те оставаат имун и рамнодушен на се што се случува во последниве неколку години.Од горди Македонци не направи понизни и смешни луѓе, целиот Балкан да се потсмева и подбива со нас како Македонци. Кога ќе си ја наведнеш кичмата, многу тешко се исправа. Едноставно сум разочаран максимално од се. Сме ја претставувале Македонија на толку европски, светски првенства и олимпијади и секаде сме биле горди на тоа што сме Македонци. Ниеден не се најде, дури и после последното финале ако ништо повеќе да не повика и не удостои за се што сме направиле за Македонија и спортот во Македонија. Да дадат една благодарница за досега стореното. Меѓутоа овие ниту имале, ниту ќе имаат чувство да го вреднуваат она што е направено за оваа земја. Едноставно ќе кажам срамота и немање никакво национално чувство и морална одговорност за постапките што ги прават, вели Начевски за Дриблинг.

Целата изјава може да ја прочитате ТУКА