Кетрин Ајви, медицинска сестра од Америка, која работи на одделот за интензивна нега, ги сподели своите слики на Твитер пред и по пандемијата. Кетрин, вели таа, ја започнала својата кариера непосредно пред пандемијата, а резултатот е овој:
How it started How it’s going pic.twitter.com/cg32Tu7v0B
— kathedrals🇺🇸 (@kathryniveyy) November 22, 2020
„Ја сакам мојата работа, го сакам она што го работам. Јас навистина не очекував да ја започнам својата кариера среде една крајно исполитизирана пандемија, но животот, како пандемијата, е брз и непредвидлив. Во овој момент не би работела ништо друго освен мојата работа. Грижата за пациентите е моја чест и благодарна сум за оваа можност.“
Сепак, тоа ве уништува кога гледате како умираат луѓе чија смрт можеше да се спречи. Ужасно е што сите умираат на ист начин. Поразително е што луѓето го игнорираат здравиот разум и дека една страшна болест е толку исполитизирана. Вистината е дека Ковид-19 е сурова болест и не би му ја посакал на мојот најголем непријател. Ве молиме, разберете дека кога преземате мерки на претпазливост, вие не само што се заштитувате себеси, туку и сите околу вас – додаде таа на сликата.