четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На магационерот Заев полни му се магацините со залихи од марихуана?

На магационерот Заев полни му се магацините со залихи од марихуана?

Не стивнуваат информациите дека доделувањето на лиценци за производство на марихуана е резервирано за луѓе блиски до семејството на премиерот Зоран Заев. На магационерот Заев му се полни магацините со залихи на марихуана, па сега сака робата да ја “шитне“.

По завршувањето на Економскиот факултет, Заев беше магационер во фирмата кај чичко му, но сега магацините се полни со роба, што за медицински цели, што за конзумација. Откако не му помина законот сега сака да ја легализира за услужни дејности. Заев продава и распродава се, по националните интереси на ред е да се продава марихуаната, ако не може надвор може дома.

-Oсвен декриминализација, лично поддржувам и легализација на употребата на марихуана, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека на овој начин ќе напредува туризмот и угостителството.

-Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП, рече Заев.

Тој додаде дека сите постојни и нови објекти согласно лиценците кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис.  Законот за контрола на опојни дроги и психотопни супстанци од 2016 година, влезе во собраниска процедура, потоа беше вратен на дообработка во Министерството за здравство, а сега повторно е пред пратениците. С

екој граѓанин може легално да одгледува максимум 3 стебла канабис за рекреативни цели и легално да користи најмногу 50 грама марихуана, да се формира агенција за регулирање на канабисот, а неопходен е и институт во рамките на Факултетот за земјоделство – ова се барањата на здружението „Билка“ за употребата на канабисот во земјава.

Активистите бараат и докторите вработени во приватните болници, да можат да препишуваат лекови, како колегите вработени во јавното здравство. Од здружението тврдат и дека иако 57 фирми имаат лиценци за производство на канабис, само една или две фирми остваруваат профит. За овие отворени прашања, активистите побарале и средба со премиерот, министерот за здравство и првиот човек на Министерството за правда, но како што велат, одговор до сега не добиле.

Разговарале само со неколку пратеници.

Најнови вести