Голема бура на Јадранот. Во целото крајбрежје е прогласена состојба на вонредно предупредување од највисок степен – црвен метеоаларм, а времето, најавуваат метеоролозите, ќе биде опасно, пренесува хрватски Индекс Вијести.
ДХМЗ за Истра, Далмација и островите означи црвен метеоаларм, што значи исклучително опасно време. Со ваквите удари од југот, ДХМЗ предвидува отворени бранови од 4 до 6 метри. На крајбрежјето се очекуваат бранови и до 5 метри. Се очекуваат и силни врнежи.
Метеоролозите најавуваат дека на некои места би можело да наврне толку дожд колку за еден месец, па постои можност и од поплави.