четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Загина пешак на магистралата Гостивар-Кичево

Загина пешак на магистралата Гостивар-Кичево

Според информациите на СВР Тетово, околу 11:30 часот во близина на одделението за патен сообраќај на ОВР Гостивар, камион-миксер удрил во пешак.

Од повредите здобиени по ударот на самото место починал А. М. (31) од Долна Бањица Гостиварско.

За време на увидот што го вршеше екипа на ОВР Гостивар, сообраќајот на магистралата од патарина до здуњска раскрсница се одвиваше со регулирање. По увидот треба да станат појасни причините за несреќата и пешакот се нашол на коловозот.