петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Куманово: Со автомобил удрил во жена и избегал

Куманово: Со автомобил удрил во жена и избегал

На 12.10.2023 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.