среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Солскјер: Не заслужуваме да се пласираме во плејофот во Лигата на шампионите

Солскјер: Не заслужуваме да се пласираме во плејофот во Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер по поразот од Лајпциг во 6. коло од Лигата на шампионите (2:3) истакна дека неговиот тим не заслужува да се пласира во плејофот.

Манчестер заврши на третото место во групата и се пласираа во плејофот во Лигата на Европа.

– Секако, не можеме да кажеме дека игравме добро. Не заслуживме да ја поминеме групата. Многу негативно влијаеше на нас поразот во Истанбул. На тој натпревар не смееше да се изгубат бодови. Со Лајпциг бевме близу до реми, но кога ќе се примат три гола е тешко да се дојде до бодови, истакна Солскјер.

Од Х-групата во плејофот се пласираа Лајпциг и Пари Сен-Жермен.