петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Три гиганти од Премиерлигата тргнуваат по Гвардиол, тој ќе стане најскапиот дефанзивец во светот

Три гиганти од Премиерлигата тргнуваат по Гвардиол, тој ќе стане најскапиот дефанзивец во светот

Челзи беше фаворит за потписот на Јошко Гвардиол и се зборуваше за сума од околу 60 милиони евра, но по неговиот настап на Светското првенство, работите се променија.

Лајпциг трие раце, 20-годишниот Гвардиол игра фантастично на Светското првенство, интересот за него се зголемува, а со тоа и цената.

Последните информации велат дека Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи подготвуваат понуди за Гвардиол кои се во износ меѓу 90 и 100 милиони евра.

Со таква сума Гвардиол би бил најскапиот дефанзивец во светот. Рекордот во моментов го држи Хари Мегваер за кој Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра.