петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА поради навивачите сериозно ја казни Црвена Звезда

УЕФА поради навивачите сериозно ја казни Црвена Звезда

Дисциплинската комисија на УЕФА ѝ изрече казна на Црвена Звезда поради однесувањето на навивачите на мечот од второто коло против Јанг Бојс.

Поради дискриминирачко однесување, извици и пароли на фановите, српскиот тим доби сериозна санкција. На следниот дуел против Лајпциг, Црвена Звезда ќе мора да го смали капацитетот на стадионот за 10.000 места.

Покрај тоа, Србите се санкционирани и парично со 62.000 евра. Од тие, 40.000 евра се поради однесувањето на навивачите, додека останатата казна е поради закочувањето на влезовите на трибините