среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тренерот на Лајпциг, Тедеско поднесе оставка

Тренерот на Лајпциг, Тедеско поднесе оставка

Бундеслигашот Лајпциг објави за оставка на тренерот Доменико Тедеско.

Вчера Лајпциг на домашен терен загуби од Шахтојор со 4:1.

Заедно со 36-годишниот стручњак, клубот го напуштија и неговите помошници Андреас Хинкел и Макс Урванчки.

Тедеско беше на тренерската позиција во Лајпциг од декември 2021 година. Под негово водство тимот го освои Купот на Германија во сезоната 2021/22.

Лајпциг оваа сезона има две победи, два нерешени исхода и четири порази.

Германските медиуми шпекулираат дека наследник на Тедеско на тренерското место во Лајпциг ќе биде Марко Росе.