Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на температурите.
Денеска ќе биде сончево со температура во интервалот од 21 до 28 степени, а утре од 23 до 30 степени.
Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.
Во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.