Додека во другите градови во Албанија протестите кои избувнаа откако полицаец уби 25-годишно момче се насилни и демонстрантите фрлаат со камења и се тепаат со полицијата, во Драч вечерва протестите беа поинакви. На сликите се гледа дека после завршување на протестот младите кои беа собрани да протестираат се доближаа до полицајците се ракуваа и ги прегрнаа.
Oва беше направено со цел симболично да се покаже дека сите припадници на полицијата не се исти и дека сакаат помеѓу нив да има соработка и почит.
Ваквиот потег на младите беше проследен со аплауз.