На 13.12.2020 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Д.(22) од Скопје.
-Kај него била пронајдена марихуана и разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело, а во врска со претходна пријава од Џ.Ф.(83) од Скопје дека околу 08,00 часот пријавениот со употреба на физичка сила и одзел ташна со лични документи и пари, соопштува МВР.
Пронајдените предмети се одземени и вратени на оштетената, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.