Таткото на Дарко Лазиќ вчера беше погребан откако на 13 декември почина по компликациите по операцијата за стеснување на желудникот.
Тој вчера беше погребан, а на погребот за последен пат го испратија семејството, пријателите и соседите на таткото на пејачот.
Инаку заедно со ковчегот беше закопана и хармониката на Милан која му беше омилена со години наназад, а во тие моменти мајката на Дарко се онесвестила, пишуваат српските медиуми.
На погребот присуствуваше и кумата на Дарко Лазиќ, пејачката Андреана Чекиќ која беше во придружба на свршеникот.
Во тешките моменти не го оставија ниту пејачката Александра Пријовиќ како и Љуба Аличиќ.