вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за маж од Крушево – не сакал да го предаде оружјето во полиција

Кривична пријава за маж од Крушево – не сакал да го предаде оружјето во полиција

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 14.11.2019, пријавениот, поради претходно недоразбирање, отишол пред домот на З.Р. од Крушево и упатувал закани, поради што бил повикан во Полициската станица Крушево за да го предаде оружјето што го поседувал.

Иако В.Ф. се согласил, не го донел ни оружјето, ниту дозволата за негово поседување. Притоа, било донесено Решение за привремено одземање на дозволата за оружје, оружјето како и муницијата, но пријавениот одбил да го прими Решението и да го предаде оружјето.