Екипи на СВР Велес вчера од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Велес спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што за шест часа биле регистрирани 13 прекршоци.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, од нив четворица биле фатени во Велес, четири во Кавадарци и пет во Неготино.
-Против овие лица ке бидат поднесени содветни пријави,најави Додевски.