недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на овој со Заев и ќе бараме нов договор

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на овој со Заев и ќе бараме нов договор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ јасно го кажа ставот на партијата во однос на прашањето со Бугарија. Според него „ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор“.

Мицкоски кажа дека за отприлика една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација.

– Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден договор, ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина, рече Мицкоски заклучувајќи дека доколку продлжат барања од Бугарија кон Македонија, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор.

Најнови вести