Една од најголемите фолк ѕвезди Лепа Брена новата година ќе ја дочека во Црна Гора во еден луксузен хотел.
Таа пристигна денеска и веднаш најде време за одмор и кафе низ црногорското приморје.
Пејачката која е една од најплатените на Балканот за најлудата ноќ ќе заработи хонорар од 100 илјади евра.
-Менаџментот на хотелот по секоја цена ја сакал Брена за Новата година, па поради тоа не штедеа за нејзиниот хонорар, како и на украсување на салата во која гостите ќе ја дочекаат новата година, вели еден извор за српските медиуми.