недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта уште еднаш докажа дека ги манипулира пензионерите- чекајќи ги парите од владата тие ќе се заразат од коронавирусот (ФОТО)

Власта уште еднаш докажа дека ги манипулира пензионерите- чекајќи ги парите од владата тие ќе се заразат од коронавирусот (ФОТО)

Граѓаните кои попусто и веруваат на оваа власт  народски кажано „сами си ставаат трн во здрава нога“.

Имено додека власта се фали на сите страни дека пензионерите ќе добијат по шест илјади денари граѓаните се уште бараат одговори кога ќе пристигне вакцината во нашата земја.

Додека одговорот се уште никој не го знае, а тоа би ја чинело Македонија и многу повеќе жртви од коронавирусот, пред банките пензионерите во редови чекаат да си ги подигнат 100-те евра од владата.

Сепак она што е застрашувачко за јавноста е тоа што власта и покрај тоа што ги лаже и манипулира пензионерите, таа се обидува да ги зарази истите со непочитување на мерките пред банките.

Граѓаните бурно реагираат на ова па коментираат дека и покрај тоа што им се дадени овие шест илјади денари истите ќе треба после да ги користат за лекови кога ќе се заразат.

Најнови вести