петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: 27 април е жестоко политички монтиран случај, видете кој направи влада и ќе согледате кој имал најголема корист од настаните

Мицкоски: 27 април е жестоко политички монтиран случај, видете кој направи влада и ќе согледате кој имал најголема корист од настаните

Народот на 27 април и неделите и месеците претходно се самоорганизираше, бројката варираше од неколку стотини до неколку илјади. Во дел од тие протести, кога можев, бев и јас бидејќи протестиравме за погрешните политики во најава кои што тогаш беа актуелни. Ценам дека е демократско право на секој граѓанин да изрази револт против определени политички девијантни однесувања на одредени политички партии, во случајот тоа беше СДСМ и сето она што го најавуваше, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешното сведочење во судот во врска со настаните од 27 април.

Тој посочи дека ниту извршниот комитет, ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од самоорганизирањето на народот во тој период.

-Очигледно е дека станува збор за сериозно и жестоко монтиран политички процес кој има единствена цел да нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. Политички процес кој има за цел да врши терор и активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и процес од кој некој профитираше, а некој загуби. Јас ценам дека после 27 април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите и да иницирате кој го осмисли сето ова, спроведе и зошто се случи. Никако тој што загуби не може да биде нити инспиратор, сценарист, ниту оперативно да го спроведе. Јас повеќе би се задржал на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа. За жал на грбот на граѓаните и државата, изјави Мицкоски.

Најнови вести