вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Полициски службеници од СВР Tетово вчера околу 19 часот и 15 минути го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време и во него имало гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35), соопштија од МВР. Воедно, од таму додават дека таа била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.

– Ј.Ф. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Косовската државјанка, пак, предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, информираат од МВР.