четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија.

– Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција.

Тој доаде дека Министерството ќе работи на оптимизирање и надградба на мрежата, зголемување на бројот на корисници на повеќе од 200 милиони и борба против кршењето на правата и интересите на корисниците на апликациите.