Силен земјотрес со интензите од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска во 12.20 часот.
Епицентарот е во близина на Петриње, 45 км југоисточно од Загреб.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и триста припадници на хрватската армија веќе пристигнаа во градот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми во силниот земјотрес загина едно дете, засега се уште нема подетални официјални информации.