петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПЕТРИЊА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Жителите на Хрватска со солзи во очите го погребаа девојчето кое го загуби животот во катастрофалниот земјотрес

ПЕТРИЊА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Жителите на Хрватска со солзи во очите го погребаа девојчето кое го загуби животот во катастрофалниот земјотрес

Погребот на девојчето Лора Цвијиќ, 13-годишно девојче кое го загуби животот во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Хрватска во вторникот во 12.19 часот, започна во 14 часот на гробиштата во Петриња.

Стотици локални жители дојдоа за последен пат да се поздрават со девојчето, а членовите на семејството беа здробени од болката. Многумина не успеаја да ги задржат солзите, пренесува Јутарњи.

Девојчето е закопано во бел ковчег.

Лора почина за време на катастрофалниот земјотрес во вторникот, кога беше затрупана под урнатините.

Нејзиниот очув Дарко за Index.hr, изјави дека Лора беше весела и грижлива девојка која сакаше да игра.

– Сакам луѓето да знаат колку беше посебна. Беше весела и повеќе од сè сакаше песна и танц, беше толку дарежлива, имаше толку големо срце. На 22 декември наполни 13 години. Кога доби пари од баба ѝ и дедо ѝ за роденденот таа ги потроши со купување новогодишни подароци за сите нас. Беше неверојатна – рече потресениот очув.

Седум лица го загубија животот во разорниот земјотрес во Хрватска.

Извор: Слободен печат