недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хоспитализиран високиот функционер и партнер на Ана Бекута

Хоспитализиран високиот функционер и партнер на Ана Бекута

Високиот функционер на СПС и народен пратеник Милутин Мркоњиќ синоќа е итно хоспитализиран во болница во Белград.

Како што јавуваат српските медиуми, тој е негативен на коронавирус, но има воспаление на белите дробови. Веста ја потврдил и претседателот на партијата Ивица Дачиќ.

За Нова.рс. Милутин истакнал дека добро се чувствува.

-Пред два дена имав температура и се тестирав. Резултатите се негативно, но на снимката видоа некои промени, не знам ни јас за што се работи, па се водам како ковид пациент. Ана исто така се тестираше и е негативна, нема никакви симптоми, изјавил тој за Нова.рс.

Мркоњиќ има 78 години, а веќе 9 години е во емотивна врска со пејачката Ана Бекута.