Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази разочарување од учинок на тимот во последниот период.
– Не го очекувавме ова и не ни се допаѓа, но таквите работи е тешко да се избегнат. Ми се чини дека освоивме само два натпревара од последните шест. Се разбира, тоа не се стандардите што ги очекуваме од нас самите, изјави Клоп.
Германецот очекува подобро издание од своите избраници на следните средби.
– Сакаме да видиме дека можеме да напредуваме, во кои моменти треба да станеме подобри. Премиер лигата е премногу силна. Ако забавите малку, тогаш резултатите веднаш се влошуваат, бидејќи противниците ја даваат целата своја сила на теренот.
Ливерпул кој е бранител на шампионскиот трофеј во Премиер лигата, по 17 кола е лидер на табелата со 33 бода, исто колку што има и Манчестер јунајтед на втората позиција, но и натпревар помалку.