вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Путин наложи следната недела да почне масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија

Путин наложи следната недела да почне масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска наложи масовна вакцинација на населението против Ковид-19, истакнувајќи оти руската вакцина е „најдобра“ во светот.

-Ве молам од следната недела да почнете масовна вакцинација на целокупното население и да направите соодветен распоред на работа, како што правиме и со другите болести, на пример со грипот, посочи Путин.

Тој истакна дека „руската вакцина е најдобра во светот“.

Путин посочи и дека е надминат обемот на производство на вакцината Спутник V и оти треба да се премине на масовна вакцинација. (МИА)