Министерот за здравство, Венко Филипче, по посетата на Институот за Судска медицина каде денеска СЗО донираше лабораториска опрема, во однос на новинарско прашање дали и кај нас има појава на новиот сој на коронавирусот, каков што има во Велика Британија рече дека досега таков не е детектиран.
Но, истакна дека се детектирани други мутации.
-Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани други 6-7 видови, а оној кој провладува во изминатите месеци кај нас, е забележан и во Србија и во Швајцарија, истакна министерот Филипче.