Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели своите емоции по синоќешниот поразот во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија од Атлетик Билбао (1:2).
– Вознемирени сме, навистина сакавме да победиме и да играме во финалето. Сакавме да се бориме за титулата што ја освоивме минатата година. Мислам дека првиот гол беше резултат на неуспешно додавање, а вториот беше постигнат по офсајд позиција. Не мислам дека оваа загуба ќе влијае на нас. Нема потреба да ја спуштаме главата и да престанеме да работиме, истакна Куртоа.
Во финалето на Суперкупот на Шпанија ќе се сретнат Барселона и Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 17 јануари во Севилја.