Децата бегалци од Егејскиот дел немаат став околу името, ќе се изјаснеле кога ќе имало конкретно решение, вели нивната координаторка. Го прекина и младиот автор кој го прашавме за став, пренесува Алфа.
Индикативно, но Здружението на Македонците од Егејска Македонија нема конкретен став околу најновите актуелни случувања за промена на државното име. Координаторот на Децата и роднините на децата избркани од родните огништа вели дека не можеле да коментираат ништо, без претходно Владата да се изјаснела по ова прашање.
Кога Алфа се обиде добие личен став од помладата генерација, токму координаторката на Здружението Евгенија Николовска на дел од промоторите на книгите јасно му забрани да дава било какви изјави околу ова горливо прашање.
Од друга страна, токму координаторката на Здружението, во нејзината изјава призна дека Владата и лично премиерот, ќе ги покриел сите трошоци и бил покровител на 70 годишнината на Егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, што ќе се одржи во јули.
Единствена која не отстапи од изјава беше авторката на книгата Партизанска љубов, Фана Мартиновска Буцковска, која си го кажа своето мислење околу промената на името. Рече дека тоа во никој случај не бил цивилизиран потег, и ако треба да се промени нечие име, тоа нека биде на Грција, а не на Македонија.
Пред почетокот на промоцијата на книгите за децата бегалци од Егејска Македонија, Координаторката ја замоли и државната Агенција МИА – во никој случај да не ги објавува индивидуалните ставови на авторите, иако самите автори тоа не го забранија.