четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пристигна казната за Меси, поради овој неспортски потег доби суспензија (ВИДЕО)

Пристигна казната за Меси, поради овој неспортски потег доби суспензија (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Фудбалскaта федерација на Шпанија го суспендираше Лионел Меси на два натпревари за црвениот картон (прв во дресот на Барселона) во финалето на Суперкупот на Шпанија во кое Каталонците загубија од Атлетик Билбао.

Аргентинецот ќе го пропушти дуелот во Кралскиот куп против Корнела, како и лигашкиот натпревар против Елче.

Прекршокот на Меси во самиот финиш од средбата е оценет како неспортски потег, севкупно тоа беше негов трет црвен картон во кариерата.