среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПУКАЊЕ СРЕД БЕЛГРАД : Ранет е млад човек кој што на српската јавност и е многу познат – поврзуван е со убиство

ПУКАЊЕ СРЕД БЕЛГРАД : Ранет е млад човек кој што на српската јавност и е многу познат – поврзуван е со убиство

Стефан Ш., млад човек кој беше застрелан денес на улицата Ресавска додека го обезбедувал адвокатот М.В., одамна и е познат на полицијата бидејќи бил поврзан со случајот убиство пред дискотеката „Нана“.

Имено, станува збор за млад кик-боксер, кој бил ангажиран од Недеjко Грбовиќ, шефот за безбедност во дискотеката „Нана“.

Во денешниот напад кон Стефан биле испукани 7 куршуми, а тој имал среќа што добил прострелни рани на ногата, без да се здобие со повреди на виталните органи, па затоа бил пренесен во Банчица на ортопедија.

Се верува дека вистинската цел на нападот бил, всушност, адвокатот М. В., пред чија канцеларија се случило пукањето.

Адвокатот веќе бил нападнат пред една година, кога петмина млади луѓе полесно биле повредени.