сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лоша вест за фановите на Де Брујн- информацијата ја потврдија и од Манчестер Сити

Лоша вест за фановите на Де Брујн- информацијата ја потврдија и од Манчестер Сити

Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Брујн ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда заработена на одложениот натпревар во Премиер лигата против Астон Вила (2-0), пренесува „The Sun“.

Според британскиот медиум, 29-годишниот Белгиец се здобил со повреда на тетивата, поради што ќе пропушти 4 недели.

Во сезоната 2020/21, Де Брујн одигра 23 натпревари за Манчестер сити, постигна три гола и 15 асистенции.