петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го советува Јунајтед: Задржете го Тен Хаг, дајте му време

Гвардиола го советува Јунајтед: Задржете го Тен Хаг, дајте му време

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му дал совет на Манчестер јунајтед по лошиот старт на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата под водство тренерот Ерик тен Хаг.

-Јунајтед може да победи пет или шест натпревари по ред и ако го направи тоа ќе биде на врвот на табелата. Оставете го тренерот на место, како што ми направија во мојата прва сезона во Манчестер сити кога не победувавме. Имавме 10 или 11 играчи над 30 години, па требаше да донесеме енергија, квалитет и инвестиции, како и сите тимови. Тогаш бев поддржан, а сега треба да го сторат истото со Тен Хаг. Дајте им време на тренерите и тие ќе дадат резултати, изјави Гвардиола за „Goal“.

Тен Хаг го презема Манчестер јунајтед во април 2022 година. Во моментов тимот под негово водство се наоѓа на 8. место во поредокот на англискиот шампионат со 15 бода од 9 кола.

Денес Манчестер јунајтед игра против тимот на Гвардиола.